Dairy Queen на виртуелен саем во Mакедонија!
Наскоро: Dairy Queen на виртуелен саем во Македонија за сите заинтересирани студенти за USA Work & Travel програмата!
Dairy Queen претставува ланец на ресторани распространети на повеќе од 5000 локации низ САД. Долгата традиција со повеќе од 60 години искуство, добрата услуга, вкусната храна и стремежот максимално да се задоволат потребите на своите гости е рецептот за овој успех на Dairy Queen. Вистинска гордост е да се биде дел од тимот на овој ресторан кој покрај грижата за гостите, добро се грижи и за своите вработени. Доколку сакаш и ти да бидеш дел од оваа компанија, тогаш одбери една од атрактивните локации што ЗИП Травел и Dairy Queen ги нудат за незаборавно лето на Work & Travel програмата: Ocean City, Maryland: атрактивна туристичка дестинација на Источниот брег на САД. Доколку сакате да ги посетите познатитe градови Washington DC, Baltimore, Philadelphia, Atlantic City или New York, тогаш Dairy Queen во Ocean City, MD е вистинското место за вас. Chincoteague, Virginia: се наоѓа на североисточниот дел на Virginia's Eastern Shore. Овој рајски остров привлекува повеќе од милион посетители годишно. Градот Chincoteаgue на своите гости им овозможува остров богат со убавина, вредност и традиција. Dewey Beach, Delaware: можност да работите на прекрасна плажа, а покрај работата да уживате и во прекрасниот одмор што го нуди ова место.
Доколку имате добар англиски и сте спремни да работите на позицијата Cashier и овие локации се доволно атрактивни за вас, тогаш погледнете ги работните понуди и одлучете се!
Dairy Queen, Cashier: Ocean City, MD Dairy Queen, Cashier, Chincoteague, VA Dairy Queen, Cashier, Dewey Beach, DE
Детални информации за сметувањето и компанијата погледнете овде и дозволете Dairy Queen да ги исполни вашите желби за незаборавно Work & Travel лето! За дa аплицирате за некоја од овие работни позиции потребно е да го пополните наведеното CV и да го доставите во една од канелариите на ЗИП Травел во Скопје, Тетово и Штип! Вашето CV треба да биде пополнето и да изгледа како наведениот пример на CV овде.
Напомена: за горенаведената програма и работни понуди може да аплицираат само оние студенти кои имаат потпишано договор со ЗИП Травел, имаат извршено интервју за Англиски јазик и апликативна уплата за програмата. Редоследот по којшто студентите ќе се здобијат со можност за интервју со работодавците ќе зависи од датумот на уплатата на апликативната рата за програмата.
|
|
|