Одлична работна понуда за најбрзите:Beaver Creek Hat & Leather Company !Во уникатен и препознатлив стил, горди на својата уникатна работа, Beaver Creek Hat & Leаther Company од срцето на "America's famous wild west" Jackson, Wyoming, се во исчекување на македонските студенти за уште една успешна сезона. ЗИП Травел повторно ви нуди добра работна понуда на супер место! Низ Jackson, WY поминуваат милион турсити. Двата национални паркови, Yellowstone National Park и National Elk Refuge кои се простираат на оваа површина само ја најавуваат бескрајната природа која секоја година е посетувана од многубројни американски, но и странски туристи.
Beaver Creek & Hat Leather Company нуди неодоливи позиции за студенти со солидно познавање на англискиот јазик. Позицијата Retail Sales Assistant освен што е добра можност за усовршување на англискиот јазик, исто така нуди и одлична заработувачка од $10 на час и со минимум од 40 работни часа неделно. Погледнете ја работната понуда овде и аплицирајте веднаш!
За дa аплицирате за некоја од овие работни позиции потребно е да го пополните наведеното CV и да го доставите во една од канелариите на ЗИП Травел во Скопје, Тетово и Штип! Вашето CV треба да биде пополнето и да изгледа како наведениот пример на CV овде.
Напомена: за горенаведената програма и работни понуди може да аплицираат само оние студенти кои имаат потпишано договор со ЗИП Травел, имаат извршено интервју за Англиски јазик и апликативна уплата за програмата. Редоследот по којшто студентите ќе се здобијат со можност за интервју со работодавците ќе зависи од датумот на уплатата на апликативната рата за програмата.
|
|
|