ЗИП Травел препорачува:работни понуди во Ocean City, MD!
Наскоро: Brothers' Bistro на виртуелен саем со сите заинтересирани студенти за Work & Travel програмата! Brother's Bistro e прекрасен италијански ресторан со супер локација и голем избор на работни понуди. Покрај тоа што се наоѓа на плажа, Brother's Bistro се наоѓа на Источниот брег на САД, а Источниот брег на Америка е докажан како најпривлечен за студентите. Затоа, ЗИП Травел специјално за вас овозможува уште една примамлива понуда со уште попримамлива локација: Ocean City, Maryland!
Како една од најпопуларните туристички дестинации на Источниот Брег, ЗИП Травел ви го препорачува Ocean City за вашата Work & Travel програма! Ocean City е вистинско место за вас, доколку сакате да патувате и да ги посетите градовите низ цел источен брег: Washington DC, Atlantic City, Blatimore, Philadelphia ,New York... Италијанскиот ресторан Brother's Bistro е сместен на самиот брег на океанот и на гостите им нуди незаборавна глетка на океaнот, добра релаксација, а на студентите пријатна работна атмосфера, бесплатен оброк и многу искуства. Работете во ресторан кој ветува динамично, авантуристичко и лето исполнето со многу забава и шопинг...а дружбата со студентите од целиот свет ќе ви биде незборавно, а воедно и причина да го посетите Ocean City и наредното лето. Работната позиција нуди флексибилни датуми за почеток и крај на работниот договор, искуство кое не можете да го добиете на друго место, а самата локација, Ocean City, ветува безброј опции за втора работа. Во прилог погледнете ја презентацијата и работните понуди:
За дa аплицирате за некоја од овие работни позиции потребно е да го пополните наведеното CV и да го доставите во една од канелариите на ЗИП Травел во Скопје, Тетово и Штип! Вашето CV треба да биде пополнето и да изгледа како наведениот пример на CV овде.
Напомена: за горенаведената програма и работни понуди може да аплицираат само оние студенти кои имаат потпишано договор со ЗИП Травел, имаат извршено интервју за Англиски јазик и апликативна уплата за програмата. Редоследот по којшто студентите ќе се здобијат со можност за интервју со работодавците ќе зависи од датумот на уплатата на апликативната рата за програмата.
|
|
|