Новости

2010-05-13 Важни информации за Вашето патување и сместување во САД
Важни информации за Вашето патување и сместување во САД
Важна информација за сите студенти на ЗИП Травел, кои веќе се подготвуваат за претстојното лето во САД - Веднаш внесете ги сите неопходни информации во Вашиот Intrax Compass Account !!!!

Сите студенти на ЗИП Травел најдоцна до Вторник (18 Мај, 2010) во својот Intrax Compass Account да внесат нови информации (за кои веќе Ви се пристигнати e-mail пораки со наслов Reminder !!!!).

Без оглед на тоа дали веќе имате добиено виза или се уште не сте биле на интервју за виза ќе мора да ги завршите сите 3 чекори, наведени подолу:

Чекор 1:  Кликнете на сликите Waiting for You и Address (кои се ставени подолу) !!!

 

Значи, во полето US Housing address ќе ја внесете адресата на Вашето сместување во САД. Доколку немате најдено сместување, тогаш ВЕДНАШ внесете ја адресата на Вашиот работодавец во САД, заедно со телефонскиот број од работодавецот.

 Ако веќе имате најдено сместување, тогаш се е јасно - внесете ја адресата на сместувањето.


* Напомена: за секоја промена на Вашето сместување (housing), новата адреса во САД ќе ја внесете во Intrax Compass account-ot. 

Intrax Compass account-ot мора да се проверува на секои 10 дена за време на Вашиот престој во САД - се додека не се вратите во Македонија.

Чекор 2:  Направете ја Ориентацијата (Orientation) и задолжително решете го тестот од 20 прашања на крајот од ориентацијата (во спротивно Intrax ќе смета дека не сте ја завршиле ориентацијата и жолтиот извичник ќе Ве прогонува нон-стоп).
* Напомена: Ориентацијата бара само 20 минути од Вашето драгоцено време, па ислушајте ја ориентацијата до крај, бидејќи таа е наменета за Вас.
Чекор 3:  Погледнете ја сликата наречена Travel info (која се наоѓа подолу)
 
Затоа и во случај да имате веќе добиено виза и во случај да не сте биле на интервју во Амбасада ќе и пратите e-mail на Сања (ticketing@ziptravel.com.mk) ќе Ви ги прати сите информации за Вашиот лет.

 

Двете полиња од сликата Travel info означени со црвено облаче на сликата можете да ги пополните исто како на сликата.

Мала помош: За да проверите колку време ќе патувате со автобус од аеродромот до Вашиот работодавец погледнете ги следниве интернет страници:

www.greyhound.com (националниот автобуски превозник на САД и Канада)

www.peterpanbus.com (автобуски превозник во САД)

www.amtrak.com (национална железничка мрежа на САД и Канада)

и убаво проверете колку точно време ќе Ви биде потребно за да патувате, со цел тоа да го знаат и Вашиот работодавец и Intrax.

НАПОМЕНА: ако немате добиено информации за летот од Сања, пратете и e-mail порака, но ВНЕСЕТЕ ги информациите за Вашиот Housing и завршете ја ориентацијата на Intrax.

За било што нејасно слободно испратете e-mail на programs@ZipTravel.com.mk или на info@ZipTravel.com.mk.