Новости

2008-03-21 Известување од INTRAX HIRING TOUR - последниот саем со работодавци за сезоната 2007/08
Сезоната на саеми со работодавци во организација на ZIP Travel за оваа година се затвори на спектакуларен начин. Во присуство на претставници од 10 компании од САД, беа направени повеќе од 200 интервјуа, а потпишани точно 181 работен договор.

Би сакале да им се заблагодариме на сите студенти присутни на овој саем за извонредно презентираните квалитети пред Американските работодавци, кои го оценија овој саем како најброен и најквалитетен на кој што имале прилика до сега да присуствуваат. (ФОТОГРАФИИ)

Воедно, ги известуваме преостанатите студенти кои сеуште се без работна понуда, дека од Понеделник, 24 Март, ќе бидат повикани во една од канцелариите на ZIP Travel, да изберат од работните понуди кои се дел од нашиот Job Pool.

Поздрав

ZIP Travel