Виртуелни саеми!
Започнуваат виртуелните саеми на ЗИП Травел! Виртуелните саеми за вработување многу брзо станаа значаен дел од маркетингот, раководењето и регрутацијата на човечки ресурси во меѓународните компании ширум светот. Целта на овој саем е да се овозможи разговор помеѓу студентот и компанијата и да се задоволат барањата на двете страни. Целосната структура на еден виртуелен саем се состои од две лица кои се на различни места во светот и кои користејќи ја високата технологија одржуваат видео повик во живо и меѓусебно си разменуваат информации значајни за двете страни. Овие саеми претставуваат можност за студентите да изберат работна понуда и преку Skype да имаат директно интервју со претставник на компнаијата. Сите интервјуа се одвиваат преку Skype во канцелариите на ЗИП Травел во Скопје, Тетово и Штип. Погледнете ги дел од веќе закажаните виртуелни саеми, дознајте повеќе за компанијата и работните понуди и пријавете се!
Процедурата за пријавување за виртуелен саем е многу лесна и едноставна. За дa аплицирате за некоја од овие работни позиции потребно е да го пополните наведеното CV и да го доставите во една од канелариите на ЗИП Травел во Скопје, Тетово и Штип! Вашето CV треба да биде пополнето и да изгледа како наведениот пример на CV овде. Бидете дел од новата High Tech индустрија и не испуштајте ја можноста да изберете најлудо лето! Затоа што кога е Work & Travel, тогаш е ЗИП Травел! |
||||||||||||
|
|