Документи за US J-1 виза

Кои документи Ви се потребни за добивање J-1 виза?
За интерјуто во Американска Амбасада потребни се следниве документи:

1*  Пасош (важечки најмалку 6 месеца подолго од датумот на влез во САД –истекувањето не смее да биде порано од декември 2010 год.). Доколку не сте во можност да го доставите пасошот заедно со останатите документи пред интервјуто, должни сте да донесете копија од истиот, а оригиналот задолжително да го понесете со вас на денот кога е закажано интервјуто.

2*  Фотографија (според стандардите кои би бара Американската Амбасада- димензии: 50x50 mm, бела позадина) За дополнителни информации обратете се во канцелариите на ЗИП Травел или најблиското фото студио.

3*  Формуларот DS- 160, нов формулар кој е достапен на следниот линк:

DS 160

Напомена: Студентот мора да ги пополни формуларот и да го испечати на лице место. За деталите околу пополнувањето, Ве молиме контактирајте со претставник на ЗИП Травел, поради многу стриктните правила што ги одредува Американската амбасада!

Внимавајте: за да го пополните формуларот неопходна Ви е електронска верзија на фотографијата за виза (која ќе Ви биде дадена од страна на овластените фото студија од страна на Амбасадата во Скопје) и неопходно е да го знаете Вашиот SEVIS број (за да го дознаете бројот можете да испратите e-mail на programs@ZipTravel.com.mk). 

4*  Индекс (доколку не сте во можност да го доставите оригиналот, мора да приложите копија од сите пополнети страници). За студентите од факултетите кои немаат индекс потребна е оригинал транскрипта со сите положени испити.

5*  Потврда од факултет за редовен студент (од летниот семестар).

6*  Уверение од работа за двата родитела (каде е наведен и просекот на нивната плата) или ако апликантот има друг извор на спонзорство, уверение за истото.

7*  Копија од резервација на авиобилет (која ја прави ЗИП Травел).

За дополнителни информации во врска со авионскиот билет Ве молиме исконтактирајте со нашиот ticketing manager на следнава е-маил адреса: ticketing@ZipTravel.com.mk

8* Уплатница за интервјуто во Американска Амбасада

 Секој студент мора да уплати 131$ (во денарска противредност) во Комерцијална Банка, на жиро сметка на Амбасадата и да ги донесе сите копии од уплатата во ЗИП Травел.

* Напомена: Освен документите, кои секој студент ќе треба да ги комплетира и достави во ZIP Travel пред интервјуто за Ј-1 виза, оваа година секој студент ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе треба да ја проучи брошурата за правата на студентите кои заминуваат на Work & Travel програмата.

Брошурата, е наречена "Wilberforce Trafficing Victims Act" (кликнете на името на брошурата со цел да ја прочитате) !!!

* Секој студент е должен детално да го проучи памфлетот за права на студентите, бидејќи за време на Вашето интервју за виза, Конзуларниот офицер од Амбасадата може да Ви постави прашања поврзани со информацијата во горенаведената брошура.

Напомена: Уплатата за Пин код и Севис таксата (35 $)  се прави исклучиво во канцеларите на ЗИП Травел.